MKinformer

your daily dose of news

Ја натепал жена му, затоа што претходно му ја натепала швалерката во кафана

20/12/2025 16:18

Во Скопје вчера биле пријавени два поврзани инциденти, прво меѓу две жени, а потоа и напад врз една од нив од страна на нејзиниот сопруг.

Според информациите од МВР:
– „На 19.12.2025 во 12:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект во Скопје, И.Ј. (32) физички ја нападнала М.Н.Д. (30), двете од Скопје.

Само пет минути подоцна, во 13:00 часот е пријавено дека пред истиот угостителски објект, И.Ј. била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Ј. (29) од Скопје.“

Полицијата работи на расчистување на случајот, а по целосно документирање ќе биде поднесен соодветен акт.

error: Содржината е заштитена од копирање !!