Пронајдена м`ртва жена во езерцето во Градскиот парк во Струмица
24/12/2025 14:17
Синоќа во езерцето во Градскиот парк во Струмица било пријавено дека е пронајдено тело на почината жена.
По пријавата, на местото на настанот веднаш излегле јавен обвинител и полициски службеници, кои извршиле увид. Телото на жената е предадено на обдукција во Судска медицина, со цел да се утврдат причините за смртта.
Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека истрагата е во тек и дека повеќе информации за случајот ќе бидат објавени во текот на денот.
Засега не се соопштуваат детали за идентитетот на починатата ниту за околностите под кои дошло до трагичниот настан.






