Обезглавено тело на жена пронајдено во близина на Зрновска река, идентитетот засега непознат
21/03/2026 19:35
Обезглавено тело на жена било пронајдено денеска во кочанското село Зрновци, во близина на Зрновска река, информираат надлежните институции.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен околу 10:40 часот во СВР Штип. Телото било пронајдено на место викано „Ѓошевски орев“, а по првичниот увид било констатирано дека идентитетот на жената засега не е утврден.
Пронајденото обезглавено тело на жена било во фаза на распаѓање, а според првичните наоди на полицијата врз телото се вршени и други дејаниа.
Од Основното јавно обвинителство Кочани соопштија дека јавен обвинител извршил увид на местото на настанот и дека ќе биде наредена обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Надлежните посочуваат дека околностите под кои настанал случајот сè уште се испитуваат, а во тек се активности за целосно расчистување на настанот и идентификација на починатата.




