MKinformer

your daily dose of news

Украина ја нападнала резиденцијата на Путин

30/12/2025 10:11

Властите во Русија тврдат дека Украина синоќа се обидела да ја нападне претседателската резиденција на Владимир Путин, која, според руските извори, се наоѓа во Новгородската област во северна Русија.

Од Кремљ соопштија дека бил регистриран масовен налет од 91 беспилотно летало со долг дострел, но дека сите дронови биле соборени од руската противвоздушна одбрана. Според изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, немало ниту повредени лица, ниту материјална штета.

Киев ги негира наводите

Украинските власти веднаш ја отфрлија верзијата на Москва. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека станува збор за „лага“, оценувајќи дека руската страна, како што рече, „подготвува терен“ за можни напади врз владини објекти во Киев и дека ваквите обвинувања имаат цел да ги поткопаат мировните разговори.

Најави за одговор

И покрај демантот од Киев, руските власти најавија дека ќе следи соодветен одговор.

„Ќе има одговор на ова“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова на националната телевизија.

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев излезе со уште поостра реторика, упатувајќи закани и навреди кон украинскиот претседател.

Настанот доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Москва и Киев, при што двете страни изнесуваат меѓусебни обвинувања за напади и саботажи, а независна потврда за наводите засега нема.

error: Содржината е заштитена од копирање !!