Кој дојде на божикниот прием кај Г.Г. Стефан?
08/01/2026 9:09
По божикната литургија во Соборен храм Свети Климент Охридски во Скопје, Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан организираше традиционален божикен прием за дел од претставниците на државниот врв и политичките актери во земјава.
Во својот кабинет, Архиепископот ги прими претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов и неговата сопруга Маја Иванова, вицепремиерот за политички систем Љупчо Димовски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорката на Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи Оливера Трајковска, како и градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.
Од Кабинетот на Архиепископот информираат дека средбата поминала во пријатна и празнична атмосфера, во духот на Божикната порака за мир, заедништво и меѓусебно почитување.






