Прекин на водоснабдување денеска кај МНТ, неколку министерства и институции во центарот на Скопје
14/01/2026 10:00
Од Регионален центар за управување со кризи – Скопје информираат дека по добиено известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, денеска (14.01.2026) ќе има прекин на водоснабдувањето во дел од централното градско подрачје.
Причина за прекинот е поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална банка, лоциран на плоштадот Пресвета Богородица бр. 3, а работите ги изведува фирмата Бауер БГ.
Поради интервенцијата, без вода ќе останат објектите на Македонски народен театар, Музичкото училиште, Министерство за транспорт и врски, како и Управа за издавање на матични книги.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот, а нормализацијата се очекува по целосно завршување на работните активности на терен.



