Делови од Скопје денеска без вода: прекини во Трубарево, Влае, Кисела Вода и Автокоманда
15/05/2026 8:25
РЦУК Скопје информира дека денеска ќе има прекини во водоснабдувањето во повеќе делови од главниот град поради зафати што ги изведува ЈП „Водовод и канализација“.
Без вода ќе останат корисниците во Трубарево, Влае, Кисела Вода и Автокоманда.
Прекин во Трубарево
Поради изведување на водоводен приклучок Ф-100 мм на улицата „2“ бр. 19, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Трубарево.
Прекинот ќе почне во 10:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.
Дел од Влае без вода
Поради изведување на водоводен приклучок Ф-100 мм на улицата „Франце Прешерн“ бр. 92, без вода ќе останат дел од корисниците на улицата „Франце Прешерн“ и дел од улицата „Влае“.
Прекинот ќе почне од 8:30 часот и ќе трае до завршување на зафатот.
Повеќе улици во Кисела Вода со прекин
Поради изведување на водоводен приклучок Ф-200 мм на улицата „Иван Козаров“ бр. 2, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од неколку улици во Кисела Вода.
Станува збор за улиците „Иван Козаров“, дел од „Георги Димитров“, дел од „Вера Јоциќ“, „Божидар Аџија“, „Киро Крстевски“, „Мишко Михајловски“, „Боте Боцевски“ и дел од „Димо Хаџи Димов“.
Водоснабдувањето таму ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување на работите.
Прекин и во Автокоманда
Поради промена на вентил од 2,5 мм на улицата „Јани Лукровски“ бр. 8, без вода ќе останат корисниците од истата улица во Автокоманда.
Прекинот ќе почне од 8:30 часот и ќе трае до завршување на интервенцијата.


