MKinformer

your daily dose of news

Тешка несреќа на градилиште во Ѓорче Петров

31/01/2026 15:30

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека на 30 јануари 2026 година, околу 16:00 часот, во СВР Скопје била пријавена тешка несреќа што се случила во кругот на објект во изградба на подрачјето на Ѓорче Петров.

Според пријавата, М.Д., управувајќи товарно возило, комбе, при движење наназад не го забележал Д.З. (51) од Скопје, кој се наоѓал покрај ограда зад возилото, при што дошло до удар.

Повредениот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.

Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветна постапка.

error: Содржината е заштитена од копирање !!