MKinformer

your daily dose of news

Детали од тешката несреќа кај Хиподром: млад возач со тешки повреди

11/02/2026 11:35

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа на автопатот кон Скопје, кај клучката Хиподром, при што сообраќајот на потегот кон главниот град беше целосно блокиран во доцните вечерни часови.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи, несреќата се случила околу 23:00 часот, кога патничко возило BMW, управувано од А.В. (25) од село Бујковци, скопско, се судрило со товарно возило „Мерцедес“ со полуприколка, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.

По судирот, двете возила се запалиле и целосно изгореле, што дополнително ја усложнило ситуацијата на теренот и предизвикало целосен застој на автопатот.

Во несреќата, возачот на BMW се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му е укажана лекарска помош.

Полицијата извршила увид на местото на настанот, а причините за несреќата ќе бидат утврдени по целосната истрага.

Од МВР апелираат до возачите да бидат максимално внимателни, да ја намалат брзината и, доколку е можно, да користат алтернативни правци сè додека делницата целосно не се расчисти.

Хаос кај Хиподром: Се судрија БМВ и Камион

error: Содржината е заштитена од копирање !!