MKinformer

your daily dose of news

Доживотен затвор за поранешен министер: Корупција тешка речиси 20 милиони долари

02/02/2026 18:23

Поранешниот кинески министер за правда Танг Јижонг е осуден на доживотен затвор поради корупција и злоупотреба на службената положба, објави Кинеска централна телевизија.

Пресудата ја донесе судот во Сјамен, во југоисточната кинеска провинција Фуџијан, кој го прогласи Танг за виновен за нелегално стекнување имот во вредност од над 137 милиони јуани, односно околу 19,7 милиони американски долари. Според судот, кривичните дела биле извршени во периодот од 2006 до 2022 година, а Танг е осуден и за тргување со влијание.

Со пресудата, целиот негов имот е конфискуван во корист на државата. Истрагата против поранешниот министер започна во април 2024 година, поради „сериозни прекршувања на дисциплината и законот“ – формулација што во Кина најчесто се користи за случаи на висока корупција. Како дел од постапката, Танг беше исклучен од Кинеска комунистичка партија.

Пресудата против Танг е дел од пошироката антикорупциска кампања што со години ја спроведува кинескиот претседател Шји Џјинпинг. Во рамки на оваа кампања, во изминатиот период приведени и процесуирани се голем број високи функционери, со цел, како што наведуваат кинеските власти, зајакнување на дисциплината и довербата во државните институции.

error: Содржината е заштитена од копирање !!