MKinformer

your daily dose of news

Десет мажи обвинети за силување на петгодишно дете

03/02/2026 18:03

Француските правосудни органи поднесоа обвиненија против десет мажи за тешко кривично дело, силување на петгодишно момче, во случај кој ја потресе јавноста. Како што соопшти Обвинителство во Лил, во злосторството учествувал и таткото на детето.

Обвинетите се на возраст од 29 до 50 години, а истрагата официјално започнала на 15 февруари 2025 година. Според наводите, кривичните дела биле извршувани во периодот од ноември 2024 до февруари 2025 година. Обвинителството наведува дека осомничените користеле наркотични супстанци, при што и детето било дрогирано.

Еден од обвинетите починал минатото лето додека бил во притвор, поради што постапката против него е запрена. За останатите осомничени, француското законодавство предвидува можност за најстрога казна – доживотен затвор.

Таткото на детето е обвинет за инцест и за соучество во силување. Случајот е во фаза на судска постапка и се води под строг надзор поради чувствителноста и тежината на обвиненијата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!