Неколку улици во Аеродром, Карпош и Илинден денес без струја
05/02/2026 10:04
Делови од Скопје денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани активности на електродистрибутивната мрежа, информира Центар за управување со кризи.
Од 9:00 до 11:00 часот, без струја ќе бидат дел од потрошувачите на улицата Струма во Општина Карпош, како и дел од корисниците на Булевар „Јане Сандански“ број 30 во Општина Аеродром.
Дополнително, прекин во снабдувањето со електрична енергија е најавен и во Општина Илинден. Таму, од 8:30 до 13:30 часот, без струја ќе останат дел од корисниците на улиците 8 и 11 во населбата Белимбегово.
Од Центарот за управување со кризи апелираат граѓаните навремено да ги прилагодат своите обврски и да ги следат официјалните информации за евентуални промени во распоредот на исклучувањата.



