MKinformer

your daily dose of news

Чешкиот премиер повика Европа да преговара со Путин

08/02/2026 23:06

Чешкиот премиер Андреј Бабиш ја повика Европа да започне директни преговори со рускиот претседател Владимир Путин, со цел да се најде решение за војната во Украина.

„Европските лидери сега почнаа да зборуваат дека треба да се преговара со Путин. Порано, кога унгарскиот премиер Виктор Орбан беше кај Володимир Зеленски и кај Путин, сите го осудуваа тоа“, изјави Бабиш, пренесува чешкиот портал TN.

Тој оцени дека директниот дијалог со Москва е неопходен предуслов за воспоставување примирје и повика европските земји да преземат поактивна дипломатска улога.

Според Бабиш, Европа не е во состојба самостојно да го запре конфликтот, при што нагласи дека „клучниот играч во можните мировни преговори е американскиот претседател Доналд Трамп.

Чешкиот премиер потсети дека мирно решение било на дофат уште во април 2022 година, но дека тогашниот британски премиер Борис Џонсон го спречил постигнувањето на договор.

„Луѓе умираат во Украина. Мора да има дипломатско решение. Излезот треба да се бара во преговори“, порача Бабиш, додавајќи дека продолжувањето на конфликтот носи само нови човечки жртви и нестабилност во Европа.

error: Содржината е заштитена од копирање !!