Детали за убиството на 78-годишна жена од Челопек
14/02/2026 14:03
Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место во селото Челопек, каде било пронајдено безживотно тело на 78-годишна жена, за која постојат сериозни сомненија дека насилно била лишена од живот.
Од обвинителството информираат дека се издадени повеќе наредби за обезбедување докази и траги од местото на настанот, кои ќе бидат предмет на дополнително вештачење.
Под сомнение за сторено кривично дело, убиство, едно лице е лишено од слобода. Според првичните информации, постојат индиции дека истото лице во претходниот период можеби било вмешано и во други кривични дела во кумановскиот регион, поради што по наредба на јавен обвинител интензивно се преземаат дејствија за утврдување на околностите и евентуалната поврзаност на настаните.
По целосно расчистување на случајот и прибирање на сите материјални докази, ќе биде поведена соодветна постапка пред надлежните институции.






![Во Дебар се предлага организирање на вoopyжени гpaѓански стpaжи policija-mvr[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mvr1.png)