MKinformer

your daily dose of news

Нови детали: Првиот сериски убиец во Македонија убил 4 жени

14/05/2026 12:37

Прв сериски убиец во Македонија убил вкупно четири жени

Фемицид: Жртвите биле нападнати поради нивниот пол

Откако беше обвинет за две свирепи убиства, дополнителната истрага за 26-годишниот Т.Б. од Старо Нагоричане, кој се води како прв сериски убиец на жени во Македонија, открила уште четири нови кривични дела – две убиства и два обида за убиство.

Ова денеска го откри јавниот обвинител Љубомир Лапе. Тој додаде дека се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид, бидејќи сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол.

Обвинителот: Проверени се сите наводи од медиумите

– Собравме доволно докази од кои произлегоа овие факти. Можам да потврдам дека сите наводи изнесени во медиумите беа проверени лично од моја страна. Дел не се потврдија – не бил апсен во Скопје па пуштен. На социјалните мрежи проструија и некои снимки, тоа исто не се потврди – рече Лапе.

Но, како што истакна, се потврди дека се работи за сериски убиец кој кривичните дела ги извршувал врз основа на родово базирано насилство.

Обвинение за околу еден месец

Според обвинителот Лапе, во обвинението ќе бидат содржани и елементи на убиство на подмолен начин и користољубие.

– Очекуваме благовремено да биде поднесено обвинение против ова лице. За отприлика еден месец може да очекуваме обвинение – порача тој.

МВР со детали за продолжената истрага

Од МВР денеска излегоа со детали за истрагата. СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривични пријави против Т.Б. за убиство на:

  • Ј.А. од село Драгоманце

  • С.К. од село Клечовце

Како и за обид за убиство врз С.А. и Р.Т..

По извршени проверки и ексхумација на телата на Ј.А. и С.К., утврдено е дека лицата починале од насилна смрт.

Претходно пријавен и за други две убиства

Претходно, СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривични пријави против Т.Б. за убиство и на М.С. и М.М.. По предлог на јавниот обвинител, на осомничениот му е одредена мерка притвор.

Пријавени и мртвопроверители

СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе и кривична пријава за сторено кривично дело „несовесно вршење на службата“ против мртвопроверителите М.С. и Д.Д. од „Општа болница“ – Куманово, стои во соопштението на МВР.

error: Содржината е заштитена од копирање !!