MKinformer

your daily dose of news

САД нудат 15, Зеленски бара најмалку 30 години безбедносни гаранции за Украина

15/02/2026 11:38

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека САД му понудиле на Киев 15-годишни безбедносни гаранции, но Украина смета дека е потребен значително подолг период – најмалку 30 години.

Изјавата беше дадена на маргините на Минхенска безбедносна конференција, каде Зеленски одржа средби со американски сенатори и други меѓународни партнери.

„Општо земено, ние сме блиску до тој проект. Имавме средба со американски сенатори. Рековме дека навистина сакаме да ги продолжиме безбедносните гаранции, за да бидат поефикасни за инвеститорите на кои им се потребни гаранции повеќе од пет до десет години“, изјави Зеленски, пренесуваат украинските медиуми.

Тој додаде дека американската страна предложила гаранции во траење од 15 години, додека Киев бара дополнителни 20 години, што би значело период меѓу 30 и 50 години.

„Зависи од тоа што ќе одлучат администрацијата и Конгресот, ќе видиме“, рече Зеленски.

Прашањето за долгорочни безбедносни гаранции е клучно за Украина во контекст на продолжената војна со Русија, како и за стабилноста и привлекувањето странски инвестиции во земјата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!