Горивата поскапуваат од полноќ-Ова се новите цени
16/02/2026 13:36
Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9 февруари 2026 година.
Од 17 февруари 2026 година, од 00:01 часот, ќе важат нови максимални цени на горивата.
Нови цени на горивата:
-
ЕУРОСУПЕР БС – 95: 73,00 денари/литар
-
ЕУРОСУПЕР БС – 98: 75,00 денари/литар
-
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 68,00 денари/литар
-
Екстра лесно масло за горење (ЕЛ-1): 67,00 денари/литар
-
Мазут М-1 НС: 33,883 денари/килограм
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1 денар по литар. Цените на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат непроменети.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 денари по килограм.
Причини за корекцијата
Според РКЕ, референтните цени на светските пазари во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло за 1,247%, додека кај мазутот има намалување од 1,530%.
Во исто време, курсот на денарот во однос на доларот во периодот на пресметка бил понизок за 0,3576%, што дополнително влијаело врз формирањето на новите цени.
Одлуката стапува во сила од полноќ, а новите цени ќе важат до следната регулаторна пресметка.



One thought on “Горивата поскапуваат од полноќ-Ова се новите цени”
Comments are closed.