Тешко повредено четиригодишно дете во сообраќајка во Скопје
17/02/2026 18:33
Четиригодишно дете е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 17:00 часот на улицата „Живко Фирфов“ во Драчево, Скопје.
Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, патничко возило „Фолксваген Туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д. (41) од Скопје, удрило во детето.
Во несреќата детето се здобило со тешки телесни повреди, скршеница на десна подколеница кои биле констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.






![Три сообраќајки со тешко повредени лица во еден ден – повредени млади возачи во Гостивар, Охрид и Кратово policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)