MKinformer

your daily dose of news

Тешко повреден малолетник во сообраќајка на „Партизанска“

08/02/2026 23:16

Малолетно лице се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода што се случила во Скопје на булеварот Партизански одреди, информираат од Министерство за внатрешни работи.

Сообраќајната несреќа се случила вчера и во неа учествувале патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Д. (25), и мопед со скопски регистарски таблички, управуван од 17-годишен малолетник, кој во незгодата е повреден.

Повредениот бил пренесен во Градска општа болница Св. Наум Охридски, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди.

На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа на СВР Скопје. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините за сообраќајната незгода.

error: Содржината е заштитена од копирање !!