MKinformer

your daily dose of news

Делови од три скопски општини денес без струја

18/02/2026 9:01

Од ЕВН Македонија информираат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска делови од Скопје ќе останат без електрична енергија.

Според најавата, прекини ќе има на следните локации:

  • Од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата „Христо Смирненски“ (од број 19 до крајот на улицата кон булеварот „Партизански Одреди“), во Општина Центар.

  • Од 08:30 до 14:00 часот, индустриските објекти на булеварот „Босна и Херцеговина“ (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), во Општина Бутел.

  • Од 08:40 до 09:40 часот, дел од улицата „Козле“, во Општина Карпош.

Од ЕВН апелираат до граѓаните за разбирање и навремено прилагодување на дневните обврски согласно најавените прекини.

error: Содржината е заштитена од копирање !!