(Видео)Нов воен конфликт на Блиски Исток: Пакистан изврши воздушен напад на авганистанскиот главен град Кабул
27/02/2026 11:26
Тензиите меѓу Пакистан и Авганистан нагло ескалираа откако пакистанските вооружени сили извршиле воздушни напади врз главниот град Кабул и уште две авганистански провинции, само неколку часа по прекуграничен напад врз пакистански гранични позиции.
Според меѓународните медиуми, нападите претставуваат најнова епизода во влошените односи меѓу двете соседни држави, и покрај договорот за прекин на огнот постигнат минатата година со посредство на Катар.
Авганистанските власти, предводени од талибанското движење, претходно соопштиле дека нивните сили извршиле напад како одмазда за претходни удари од страна на Исламабад. Набргу потоа, во Кабул одекнале најмалку три силни експлозии. Засега нема официјални информации за точните локации на ударите и за евентуални цивилни жртви.
Пакистанскиот премиер изјавил дека вооружените сили се подготвени да одговорат на секоја агресија, додека министерот за одбрана ја опишал ситуацијата како „отворена војна“. Според него, наместо стабилизација по повлекувањето на НАТО од Авганистан, регионот се соочува со нов бран насилство.
Од Кабул тврдат дека во претходните судири загинале десетици пакистански војници, додека Исламабад објави значително пониски бројки и соопшти дека има само неколку жртви меѓу своите сили. Разликите во официјалните податоци дополнително ја зголемуваат неизвесноста околу вистинскиот биланс.
Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш, преку својот портпарол повика на воздржаност и на заштита на цивилите во согласност со меѓународното право, нагласувајќи ја потребата од дипломатско решение.
Односите меѓу двете земји со месеци се влошуваат, а граничните премини долж Дурандовата линија, долга околу 2.600 километри, во голема мера остануваат затворени по претходните судири. И покрај посредничките напори на Катар и Турција, трајно решение сè уште не е постигнато, додека најновите воздушни напади отвораат прашање дали регионот се движи кон поширок конфликт.
Detay | Savaş Nasıl başladı ?
▪️ Pakistan, Hindistan’a karşı bir silah olarak Taliban’ı inşa etmek için kırk yıl harcadı.
▪️ Taliban, Yeni Delhi’ye ilk büyükelçisini gönderdi.
▪️ 22 Şubat’ta Pakistan, Afganistan’ın üç vilayetini bombaladı. BM, ölenler arasında kadın ve… pic.twitter.com/R7hcmn3c8J
— Ysf (@Ysf34A) February 27, 2026






