Времето денес сончево и стабилно време со пораст на температурите до 16 степени
27/02/2026 8:59
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат во интервал од -3 до 4 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 12 до 16 степени.
Во Скопје, исто така, ќе преовладува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0 степени, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Стабилен и сув период во најава
Според најавите, под влијание на поле на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одделни котлини можна е појава на утринска магла.
Граѓаните ги очекуваат претежно мирни и сончеви денови, со поволни услови за активности на отворено.






