MKinformer

your daily dose of news

Времето денес: Облачно време со слаб дожд и ветер

05/03/2026 9:21

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени слаби врнежи од дожд на повеќе места во земјата. Во одделни региони ќе има услови и за појава на ретки грмежи.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Минималните утрински температури ќе се движат во интервал од 2 до 6 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 11 до 17 степени.

Времето во Скопје

Во главниот град ќе преовладува облачно време со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура во Скопје ќе се спушти до 5 степени, додека максималната ќе достигне до 14 степени.

Стабилно време од викендот

Според прогнозите, за време на викендот и до средината на следната седмица се очекува стабилно и суво време, под влијание на поле на висок воздушен притисок.

Во петок ќе дува умерен ветер од северен правец, а во деновите потоа ветерот ќе биде слаб до умерен од југоисточен правец.

error: Содржината е заштитена од копирање !!