MKinformer

your daily dose of news

Без вода дел од Центар и Сарај: „Водовод“ најави прекини и намален притисок

03/03/2026 0:29

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека утре, 03.03.2026 година (вторник), поради дефект на водоводна цевка со пречник Ф-2 цола на улица „Св. Кирил и Методија“ бр. 38 (на паркингот кај Трготекстил), од 09:00 часот па сè до санирање на дефектот, ќе биде прекинато водоснабдувањето за дел од корисниците на оваа улица во Општина Центар.

Дополнително, поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните четири дена – од 03.03 до 06.03.2026 година – во периодот од 08:00 до 13:00 часот можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето.

Овие активности ќе ги опфатат жителите на село Бојане во рамки на Општина Сарај.

Од јавното претпријатие апелираат до граѓаните навремено да обезбедат резерви на вода и да имаат разбирање додека траат интервенциите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!