MKinformer

your daily dose of news

Повеќе делови од Скопје денеска без вода поради дефекти и приклучок

08/05/2026 11:23

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека денеска повеќе делови од Скопје ќе останат без вода поради дефекти на водоводната мрежа и изведување нов приклучок.

Без вода од 10:20 часот ќе бидат корисниците од улица 3 во село Батинци. Причина е уличен дефект на водоводна цевка Ф80 мм. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Во истиот термин, односно од 10:20 часот, прекин во водоснабдувањето ќе има и за дел од корисниците на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“. Причина е дефект на водоводна цевка Ф 5/4“.

Дополнително, од 10:30 часот без вода ќе бидат и корисниците од улицата „Банско“. Таму ќе се изведува водоводен приклучок Ф80 мм, а прекинот ќе трае до завршување на активностите.

Од 10:40 часот, поради дефект на водоводна цевка Ф 6/4“, без вода ќе останат и дел од жителите на село Драчево, поточно на потегот на улицата „Јустинијан 1“ крак 2.

Од претпријатието апелираат граѓаните од засегнатите подрачја навреме да се подготват, бидејќи водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршување на интервенциите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!