(Видео)Првенец за Елмас сезонава за Наполи
06/03/2026 23:43
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас вечерва го постигна својот прв гол сезонава во Серија А, во натпреварот помеѓу Наполи и Торино.
Елмас во 68. минута се најде на вистинското место во шеснаесетникот, одлично се снајде и ја испрати топката во мрежата, зголемувајќи ја предноста на Наполи на 2-0.
Ова е и негов прв погодок откако повторно се врати во составот на Наполи.
Интересно е што Торино е клуб во кој Елмас исто така настапуваше како позајмен фудбалер, додека беше член на РБ Лајпциг.
Со овој погодок, македонскиот фудбалер продолжува да ја потврдува својата важна улога во тимот и да ја радува македонската фудбалска јавност.
Eljif Elmas makes it two for Napoli
🇮🇹 Napoli 2-0 Torinopic.twitter.com/XUMTKUEMuM
— Goals Xtra (@GoalsXtra) March 6, 2026





