MKinformer

your daily dose of news

Елмас блесна со гол, но Торино прими два несреќни погодоци и го загуби мечот

15/02/2025 10:53

Македонскиот фудбалер Елиф Елмас продолжува да блеска во италијанската Серија А. Во последниот натпревар на Торино, Елмас влезе во игра во 62. минута и со својот гол го доведе тимот во водство, но на крајот, по два несреќни примени голови, Торино го загуби мечот. Тренерот Паоло Ваноли го пофали Елмас за неговиот придонес и важноста за тимот.

Елмас влезе во игра во 62. минута и само три минути подоцна постигна фантастичен гол, кој му донесе водство на Торино од 2-1.

Меѓутоа, Торино прими два несреќни голови и го загуби натпреварот со 3-2.

Тренерот на Торино, Паоло Ваноли, ја нагласи важноста на Елмас за тимот.

„Натпреварот го загубивме несреќно. Елмас ни носи поголем квалитет, тој е клучен фудбалер и веќе го докажа тоа во Неапол“, изјави Ваноли.

error: Содржината е заштитена од копирање !!