Хеликоптерска спасувачка акција на МВР на Шар Планина
07/03/2026 20:37
Полициски службеници од хеликоптерската единица на МВР, во координација со припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, успешно евакуираа повредено лице од падините на Шар Планина.
Акцијата се одвивала денеска (07.03.2026) во претпладневните часови, откако бил примен повик за помош од непристапен терен на планината.
По пријавата, хеликоптерската единица веднаш полетала со тим од САЕ „Тигар“, кој успеал да ја лоцира и преземе повредената жена, италијанска државјанка.
Спасувачката акција била изведена во тешки услови и на непристапен планински терен.
По извлекувањето, повреденото лице било транспортирано со хеликоптер до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што и била укажана медицинска помош.






