Делови од Скопје утре без струја поради технички зафати
09/03/2026 22:43
Делови од Скопје утре ќе останат без електрична енергија поради технички зафати на електродистрибутивната мрежа.
Во Општина Центар, дел од улицата „Тодор Александров“, односно комплексот Олимписко Село, ќе биде без струја во периодот од 08:30 до 15:00 часот.
Прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и во населбата Драчево. Дел од улицата „Јустинијан Први“, од раскрсницата со улицата „Речиште“ до пред ресторанот „Мерита“, ќе остане без струја од 08:30 до 15:30 часот.
Надлежните апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности и да бидат подготвени за привремените прекини во снабдувањето со електрична енергија.



