MKinformer

your daily dose of news

Путин и Трамп разговараа телефонски за Иран и војната во Украина

09/03/2026 22:29

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник одржаа телефонски разговор, соопшти Кремљ.

Според руското соопштение, разговорот бил деловен, конструктивен и искрен, при што двајцата лидери размениле мислења за неколку актуелни меѓународни прашања.

Главниот фокус бил ставен на ситуацијата со Иран и преговорите поврзани со војната во Украина. Трамп повторно ја нагласил својата заинтересираност за брз прекин на огнот и долгорочно решение на конфликтот во Украина.

Покрај тоа, лидерите разговарале и за состојбата во Венецуела, како и за други меѓународни теми.

Во соопштението се наведува дека Путин и Трамп изразиле подготвеност да ја продолжат редовната комуникација меѓу Русија и САД.

Телефонскиот разговор меѓу двајцата претседатели траел околу еден час, соопшти Кремљ.

error: Содржината е заштитена од копирање !!