16 годишниот Макс Дауман од Аренал е најмлад стрелец во англиската Премиер лига
14/03/2026 22:58
Арсенал направи голем чекор кон титулата во Премиер лигата, откако го победи Евертон со 2-0. Сепак, мечот најмногу ќе се памети по 16-годишниот Макс Дауман, кој испиша историја.
Младиот фудбалер на „топчиите“ влезе од клупата и стана најмладиот стрелец во историјата на англиската елита.
Евертон долго му создаваше проблеми на Арсенал
Гостите од Ливерпул одиграа цврст натпревар и долго време успешно го сопираа лидерот на табелата.
Евертон беше опасен уште во првото полувреме. Двајт Мекнил прво беше запрен од одличниот блок на Рикардо Калафиори, а потоа ја погоди и стативата.
Арсенал бараше и пенал по дуелот меѓу Хаверц и Мајкл Кин. Сепак, по ВАР проверката беше проценето дека контактот не бил доволен.
Во второто полувреме, Давид Раја со важна интервенција го запре Бето. Во тие моменти изгледаше дека Арсенал тешко ќе стигне до трите бода.
Артета ги погоди измените
Микел Артета во финишот ги внесе Виктор Ѓокереш и Макс Дауман. Токму тие двајца го решија мечот.
Во 89. минута, Дауман испрати остар центаршут, а Џордан Пикфорд лошо реагираше. Тоа го искористи Виктор Ѓокереш, кој ја испрати топката во мрежата за 1-0.
Дауман испиша историја
Во судиското продолжение, Евертон тргна на сè или ништо. Дури и голманот Пикфорд се најде во противничкиот шеснаесетник по корнер.
Арсенал ја оттурна опасноста, а топката стигна до Дауман. Младиот фудбалер претрча голем дел од теренот и мирно погоди во празната мрежа за конечни 2-0.
Со тој гол, Дауман стана најмладиот стрелец во историјата на Премиер лигата и го украде шоуто на натпреварот.





