MKinformer

your daily dose of news

Банкар од Велес „здиплил“ 250 илјади денари од клиент

16/03/2026 16:31

пари во банкаБанкар од Велес „здиплил“ 250 илјади денари од сметка на клиент. СВР Велес поднесе кривична пријава против П.Џ. (27) од Велес поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.

Според информациите, пријавениот работел како службено лице во експозитура на банка во Велес.

Три исплати од сметка на клиент
Во текот на септември 2025 година, тој во три наврати извршил неосновани готовински исплати од трансакциска сметка на оштетено лице.

Станува збор за сметката на В.Ф., а вкупниот износ на исплатите достигнал 249.990 денари.

Поднесена е кривична пријава
По преземените мерки и документирањето на случајот, СВР Велес поднесе кривична пријава против осомничениот.

Случајот ќе добие натамошна правна разврска во соодветна постапка.

error: Содржината е заштитена од копирање !!