MKinformer

your daily dose of news

Делови од од овие три општини во Скопје денеска ќе останат без вода

28/04/2026 8:33

Делови од од овие три оппштини во Скопје денеска ќе останат без вода поради технички зафати и санации на водоводната мрежа, информира ЈП „Водовод и канализација“.

Од 9:00 часот прекин во водоснабдувањето ќе има во општина Центар. Без вода ќе останат корисниците на дел од улиците „Дебарца“, „Владимир Полежиновски“ и „Стефан Јакимов-Дедов“.

Во истиот термин, без вода ќе бидат и делови од Карпош. Прекинот ги опфаќа корисниците од дел од улиците „Париска“, „Варшавска“ и „Хелсинки“. Без вода ќе биде и СУГС „Георги Димитров“.

Прекин и во Бутел

Од 9:00 часот без вода ќе останат и корисниците на дел од улицата „Бутелска“. Прекин ќе има и во дел од населбата Бутел 1.

Водата ќе биде пуштена по завршување на работите

Од претпријатието велат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на санациите. Тоа значи дека времетраењето ќе зависи од текот на работите на терен.

Граѓаните од овие реони треба навреме да се подготват, бидејќи делови од овие три општини во Скопје денеска ќе останат без вода во текот на денот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!