MKinformer

your daily dose of news

Добра вест за земјоделците: ИПАРД средствата повторно се достапни за Македонија

28/04/2026 13:37

Средствата од ИПАРД програмата повторно им се достапни на македонските земјоделци, откако денеска пристигнало официјално известување од Брисел, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Според неговата изјава, Брисел утврдил дека нема неправилности во постапките поврзани со програмата. Дополнително, било констатирано дека системот функционира, а надлежните институции постапуваат правилно, транспарентно и во интерес на земјоделците.

Оваа одлука значи дека македонските земјоделци повторно ќе можат да ги користат средствата од европската ИПАРД програма, која е наменета за поддршка на инвестиции во земјоделството и руралниот развој.

Очекувањата се дека повторното ставање на располагање на овие средства ќе донесе нов поттик за модернизација на производството, зголемување на конкурентноста и подобрување на условите во домашниот аграр.

error: Содржината е заштитена од копирање !!