MKinformer

your daily dose of news

Петмина повредени во двоен вооружен напад, уапсен 89 годишник

28/04/2026 17:37

Грчките власти уапсија 89 годишен маж осомничен за два вооружени напади во Атина, во кои се повредени вкупно пет лица. Според полицијата, осомничениот најпрво нападнал филијала на државната агенција за социјално осигурување ЕФКА, а потоа се упатил кон судска зграда, каде имало нов инцидент.

Во првиот напад, едно лице било повредено во просториите на ЕФКА. Потоа, во судската зграда биле повредени уште четири жени, при што дел од нив имале полесни повреди. Инцидентите предизвикаа паника и засилено полициско присуство во грчката престолнина.

Според објавените информации, осомничениот по нападите побегнал, но подоцна бил пронајден и приведен во хотел во Патра, на околу 200 километри од Атина. При апсењето, властите пронашле и второ оружје.

Истрагата за мотивите сè уште трае. Дел од медиумите објавија дека на местото на настанот биле оставени писма или документи, но грчката полиција засега официјално не соопшти што точно го поттикнало осомничениот на ваков чекор.

Нападот отвори нови прашања за безбедноста на јавните институции во Атина. Надлежните служби продолжуваат со увид и собирање докази од двете локации.

error: Содржината е заштитена од копирање !!