MKinformer

your daily dose of news

Иран погодил американски брод, ЦЕНТКОМ демантира

04/05/2026 16:23

Иран тврди дека ракети погодиле американски брод, ЦЕНТКОМ демантира: „Ниеден не е погоден“

Фарс: Бродот ги игнорирал предупредувањата

Иранската новинска агенција Фарс објави дека две ракети погодиле американски воен брод во близина на островот Џаск, откако бродот ги игнорирал предупредувањата да запре.

Агенцијата, повикувајќи се на локални извори, наведува дека воениот брод по нападот се повлекол од областа.

Според овие тврдења, наводниот инцидент се случил во стратешки важниот Ормутски Теснец, низ кој минува значителен дел од светската нафта.

ЦЕНТКОМ: Лажни вести

На иранските тврдења стигна брза и остра реакција од Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ).

Американската воена команда категорично ги демантираше наводите.

„Ниту еден брод на американската морнарица не е погоден“, се вели во нивното соопштение.

Во продолжение се додава:

„Американските сили го поддржуваат Проектот Слобода и спроведуваат поморска блокада на иранските пристаништа.“

Кој ја кажува вистината?

Иранските медиуми, предводени од Фарс, често објавуваат информации за воени судири во регионот, дел од нив подоцна се покажаа како невистинити или претерани.

Од друга страна, американската војна команда ретко остава без реакција вакви тврдења, особено кога станува збор за директни напади врз нивните бродови.

Засега нема независна потврда на инцидентот, а тензиите во регионот остануваат исклучително високи.

МК Информер продолжува да го следи развојот на ситуацијата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!