Делови од Скопје денеска и утре без вода или со намален притисок
07/05/2026 8:35
Делови од Скопје денеска и утре ќе бидат без вода или со намален притисок поради дефект и технички зафати, информираат надлежните служби.
Денеска прекин во водоснабдувањето има во Општина Центар. Според ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, од 09:00 часот без вода се дел од корисниците на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, спроти Католичката црква.
Причина за прекинот е дефект во шахта Ф 6/4“, како и монтажа на водомер за паркови. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.
За утре, 8 мај, е најавен можен прекин или намален притисок во делови од Бутел, Радишани и Кучевишка Бара. Проблеми во водоснабдувањето може да има од 05:00 часот.
Причина за ова се технички зафати во трафостаница во ПС Бутел, што ќе ги изведува ЕВН. И во овој случај, прекинот ќе трае до завршување на активностите.
Надлежните апелираат граѓаните од засегнатите подрачја навреме да се подготват. Бидејќи станува збор за технички интервенции, засега нема прецизно време кога водоснабдувањето целосно ќе се нормализира.


