Трендафилов: Инфлација 6,8%, а минималецот само 1,1% реален раст
07/05/2026 21:58
Трендафилов остро ги нападна властите: Усогласувањето на минималната плата е само 1,1%
Трендафилов: На работник со минималец му недостасуваат 1.637 денари за основни потреби
Државниот завод за статистика денеска ја утврди априлската инфлација која изнесува 5,7%. По оваа објава, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) , Слободан Трендафилов, преку објава на социјалните мрежи упати остра критика до надлежните поради одлуката минималната плата само да се усогласи, а не и значително да се зголеми.
Реално зголемување, само 1,1%
Трендафилов со загриженост констатира:
„Инфлацијата +5,7%, Минималната плата +6,8% или 6,8 – 5,7 = 1,1%. Тие одбија да ја зголемат минималната плата и решија само да ја усогласат, а тоа усогласување значи дека работник на минималец, со инфлацијата за април, во април добил само 1,1% повеќе или добил нешто во рамките на статистичка грешка.“
Според него, работник кој прима минимална плата реално добил маргинално зголемување на своите примања, што тој би се рекол народот „срамна половика килограм сирење“.
Недостаток од 1.637 денари за основна кошница
Синдикалниот лидер дополнително образложи:
„Ако имаме во предвид дека вредноста на Синдикалната минимална кошница од јануари до април е зголемена за 3.304 денари, а минималната плата е усогласена за 1.667 денари, тогаш само за најосновните потреби на работник со минималец му недостасуваат 1.637 денари.“
Удар против оние кои се бореле да не се зголеми минималецот
Трендафилов испрати директна порака и до оние кои, според него, се спротивставувале на поголемо зголемување:
„А имаше и такви што се бореа да не се зголеми минималната плата, а на таквите им успеа и не се зголеми и сега сигурно добро се чувствуваат!?“
Со ова тој најавува дека ССМ ќе продолжи да го брани стандардот на работниците и ќе бара вистинско зголемување, а не само симболично усогласување.




