MKinformer

your daily dose of news

Антонио Кошта до македонските граѓани: Вашата иднина е во Европската Унија

10/05/2026 9:19

По повод 9 Мај, Денот на Европа, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, преку видео порака им се обрати на македонските граѓани.

„Драги граѓани на С. Македонија, ви се обраќам денес како идни членови на Европската Унија“, порача Кошта.

Во обраќањето, тој истакна дека Денот на Европа е симбол на заедничкиот европски проект. Според него, станува збор за идеја изградена врз единство, соработка и мир.

Кошта потсети дека земјите основачи на Унијата, по Втората светска војна, избрале единство наместо поделби и соработка наместо конфликти.

„Тие одлучија да изградат иднина заснована на мир, слобода и просперитет врз пепелта на Втората светска војна“, порача претседателот на Европскиот совет.

Тој нагласи дека Европската Унија верува оти иднината на земјава е во европското семејство. Притоа посочи дека се вложува голем напор оваа визија да стане реалност.

Кошта потсети и дека Македонија многу години е кандидат за членство во ЕУ. Според него, дојдено е време да се направи следниот чекор напред.

„Заедно ќе изградиме заедничка европска иднина. Да живее Европа“, порача Антонио Кошта.

Линк од видео обраќањето на Кошта

error: Содржината е заштитена од копирање !!