MKinformer

your daily dose of news

Поранешниот министер за правда на Полска кој е бран за проневера на 40 милиони евра, пребега од Унгарија во САД

11/05/2026 8:48

Поранешниот полски министер за правда, Збигњев Зиобро, потврди дека ја напуштил Унгарија и заминал во Соединетите Американски Држави. Веста ја пренесоа повеќе медиуми, додека самиот Зиобро за полски медиум изјавил дека веќе се наоѓа во САД.

Зиобро е баран во Полска и се соочува со сериозни обвиненија. Меѓу нив се злоупотреба на моќ, водење организирана криминална група и незаконско користење средства од фонд наменет за жртви на криминал. Полските власти тврдат дека дел од тие пари биле искористени и за набавка на шпионскиот софтвер „Пегасус“.

Поранешниот министер ги отфрла сите обвинувања. Тој тврди дека станува збор за политички прогон и лов на вештерки против конзервативците во Полска.

Унгарија му одобри азил на Зиобро во јануари 2026 година, додека на власт сè уште беше Виктор Орбан. Тоа тогаш дополнително ги влоши односите меѓу Варшава и Будимпешта.

Во меѓувреме, во Унгарија дојде до политичка промена. Петер Маѓар беше избран и положи заклетва како нов премиер на 9 мај 2026 година, со што заврши долгото владеење на Орбан.

Токму по таа промена, Маѓар порача дека Унгарија повеќе нема да биде засолниште за лица што се бараат во други држави. Во јавноста беа посочени и случаите на Зиобро и на неговиот поранешен заменик Марчин Романовски.

Полскиот министер за правда Валдемар Журек најави дека Варшава ќе побара објаснување од САД и од Унгарија за тоа како Зиобро влегол во Америка, и покрај тврдењата дека неговите патни документи биле поништени. Полска, според неговите изјави, е подготвена да побара и екстрадиција.

error: Содржината е заштитена од копирање !!