MKinformer

your daily dose of news

Бугарија победи на Евровизија: Дара со „Бангаранга“ испиша историја

17/05/2026 8:11

Бугарија е големиот победник на 70. издание на Евровизија, кое годинава се одржа во Виена. Пејачката Дара триумфираше со песната „Бангаранга“ и ѝ ја донесе на Бугарија првата победа во историјата на натпреварот. Освои вкупно 516 поени, најмногу и од жирито и од публиката.

На второто место заврши Израел со 343 поени, додека трета беше Романија со 296. Евровизија 2026 ја одбележаа и политички тензии, откако Шпанија, Ирска, Холандија, Словенија и Исланд го бојкотираа натпреварот поради учеството на Израел.

Победата на Бугарија доаѓа веднаш по враќањето на земјата на Евровизија, по три години пауза. Пред ова, најдобриот резултат на Бугарија беше второто место во 2017 година, а сега Дара успеа да направи историски исчекор.

Дара, чие полно име е Дарина Николаева Јотова, е една од најпознатите млади ѕвезди во Бугарија. На пошироката јавност ѝ стана позната во 2015 година преку бугарскиот „Икс-фактор“, а денес важи за едно од најсилните поп имиња на тамошната сцена.

По победата, бугарската јавност веќе слави, а следното издание на Евровизија треба да се одржи во Бугарија, откако земјата за првпат ќе биде домаќин на најголемото европско музичко натпреварување.

error: Содржината е заштитена од копирање !!