Македонија остро ги осуди новите руски напади врз Украина: Цивилни жртви и штета врз инфраструктурата
25/05/2026 7:51
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија преку објава на социјалните мрежи остро ги осуди најновите масовни ракетни и дронски напади на Русија врз Украина.
Во реакцијата се наведува дека нападите биле насочени кон Киев и кон други региони во земјата, при што имало цивилни жртви и значителна штета врз критичната инфраструктура.
„Силно ги осудуваме последните големи ракетни и дронски напади на Русија против Украина“, соопшти македонската дипломатија.
Од Министерството повторија дека Македонија останува на ставот за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, во услови на продолжени напади и нова ескалација на конфликтот.
Со оваа реакција, македонските власти уште еднаш испратија јасна порака за осуда на нападите врз цивилни цели и за поддршка на Украина во услови на засилени воени дејствија.






