MKinformer

your daily dose of news

Владата даде зелено светло за „One Stop Shop“ со Албанија, прво ќе стартува на Ќафасан

16/06/2026 17:43

Владата денеска го одобри пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Република Албанија.

Со ова, како што информира владиниот портпарол Венера Љатифи Азизи, се заокружува процесот на воспоставување на ваков систем со трите соседни земји што не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и Косово.

За целосна финализација на постапката, останува да биде потпишан договор меѓу двете министерства за внатрешни работи.

Прво стартува на Ќафасан

Според најавите, системот најпрво ќе биде воведен на граничниот премин Ќафасан.

Потоа, постепено ќе се проширува и на останатите гранични премини меѓу Македонија и Албанија.

Љатифи Азизи истакна дека ова решение ќе овозможи поедноставно, побрзо и побезбедно минување на границата.

Таа посочи дека потребата од ваков систем е особено изразена во летниот период, кога фреквенцијата на патници значително расте, а граѓаните често се соочуваат со долги чекања.

Над 4,5 милиони патници за една година

Како дополнителен аргумент за воведувањето на „One Stop Shop“, од Владата ја посочуваат и големата фреквенција на граничните премини со Албанија.

Според официјалните бројки, во текот на 2025 година на овие премини биле регистрирани вкупно 4.581.724 патници.

Од нив, дури 2.318.080 минале преку граничниот премин Ќафасан.

Целта е побрз проток и помалку чекање

„Овие бројки ја истакнуваат важноста од воведување на системот ‘One Stop Shop’, кој ќе овозможи побрз и поефикасен проток на патници и ќе придонесе за намалување на времето на чекање на границите“, нагласи Љатифи Азизи.

Со воведувањето на овој систем, Владата очекува да се олесни движењето на патници и возила, особено во шпицот на туристичката сезона.

error: Содржината е заштитена од копирање !!