MKinformer

your daily dose of news

Ицов: Македонската инструментална музика има иднина

26/06/2026 15:09

Кога хармониката раскажува приказни: Ицов ја одбележува првата деценија

По исклучително успешната турнеја низ Австралија, каде што беше пречекан со големи овации и топол прием од македонската дијаспора, мултиинструменталистот Александар Ицов не запира. Со уште поголем ентузијазам продолжува да создава нови музички приказни.

Нови спотови снимени во Грција

Деновиве Ицов го заврши снимањето на два нови видеоспота за своите најнови инструментални композиции, авторски ора изведени на хармоника и гајда. Видеозаписите се реализирани на повеќе атрактивни локации во соседна Грција, во соработка со Арт Студио продукција и Балкан Музик телевизија.

Трет спот во манастирот Св. Георги во Ораовица

Во наредниот период следува снимањето и на трет видеоспот, кој ќе биде реализиран во манастирскиот комплекс „Св. Георги Победоносец“ во селото Ораовица, Радовишко, амбиент кој совршено ќе ја долови духовноста и автентичноста на музиката што ја создава Ицов.

Промоција на 29 јуни во Скопје

Новите инструментални дела, заедно со видеоспотовите, својата официјална промоција ќе ја имаат на 29 јуни во Скопје, кога македонската јавност за првпат ќе има можност да ги види и слушне овие нови музички остварувања.

Десет години професионална кариера

Оваа година Александар Ицов одбележува значаен јубилеј, десет години професионална музичка кариера. Деценија исполнета со безброј настапи, авторски дела, патувања, посветеност и непрекината љубов кон музиката, која од хоби одамна прерасна во негов животен повик.

Порака за македонската музика

Со секој нов проект, Ицов испраќа јасна порака дека македонската инструментална музика има современ израз, силен идентитет и иднина. Неговата мисија останува иста, преку звукот на хармониката и традиционалните инструменти да ја пренесе убавината на македонската музичка култура до публиката, без разлика каде се наоѓа.

Пишува
Милева Лазова

error: Содржината е заштитена од копирање !!