Хорор во Ченто: Малолетник избоден седум пати со нож
02/07/2026 12:13
Брутален напад во Ченто: 14-годишник избоден седум пати и претепан до несвест без повод
Малолетникот нападнат од тројца лица, едниот му нанел седум убодни рани во грбот, полицијата ја води истрагата
Терористички напад во населбата Ченто
14 годишно момче е тешко повредено во брутален напад што се случил на 22 јуни во скопската населба Ченто. Според тврдењата на неговите родители, нивниот син бил без никаква причина нападнат, претепан и избоден седум пати со нож.
Семејството за 24инфо раскажува дека момчето околу 21:30 часот излегло од дома за да се најде со своите братучеди, движејќи се кон улицата „Финска“ во Ченто.
Пред да пристигне на договорената локација, тој бил пресретнат од три лица кои, според родителите, веднаш започнале физички да го напаѓаат. Во текот на нападот, едно од лицата извадило нож и му нанело седум убодни рани во пределот на грбот. Напаѓачите продолжиле да го удираат момчето сè додека не ја изгубило свеста, а потоа го оставиле да лежи на местото на настанот.
Случаен минувач го пронашол момчето
Малолетникот го пронашол случаен минувач, кој веднаш повикал Итна медицинска помош и полиција. Повреденото момче било пренесено во Ургентниот центар, каде што му била извршена хируршка интервенција.
Родителите велат дека нивниот син не им дал никаков повод на напаѓачите и дека нападот бил извршен без никаква причина. Тие бараат институциите што е можно побрзо да го расчистат случајот и одговорните лица да бидат пронајдени и соодветно санкционирани.
Полицијата потврдува, истрагата е во тек
Од Министерството за внатрешни работи го потврдуваат случајот. Во полицискиот билтен се наведува:
„На 22.06.2026 околу 23:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, малолетник бил физички нападнат од три лица, од кои едното му нанело повреда со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“
Истрагата за нападот е во тек, а полицијата работи на идентификување и пронаоѓање на напаѓачите. Засега нема информации за мотивите зад овој брутален напад, ниту за евентуална претходна врска меѓу нападнатото момче и сторителите.


![ПУКАЛЕ ВО ВОЗДУХ, ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ СО НОЖ: Си седеле во кафич во Ченто, ги нападнале без никаква причина, родителите преплашени за своите деца policija-mvr[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mvr1.png)




One thought on “Хорор во Ченто: Малолетник избоден седум пати со нож”
Comments are closed.