Трагедија во Скопје: 31-годишник го избодел татка си откако тој пијан ја нападнал неговата мајка
13/07/2026 11:19
Триесет и едногодишен скопјанец е лишен од слобода откако, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар.
Трагичниот настан се случил на 12 јули 2026 година, околу 22:35 часот.
Според информациите од МВР, 52-годишниот Е.Л. бил под дејство на алкохол и физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга.
По нападот врз жената, нивниот син Б.Џ. му нанел убодни рани на татко си.
Полицијата го привела 31-годишникот
Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Џ. околу 23 часот.
Неговата мајка била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде ѝ била укажана медицинска помош.
Телото е предадено на обдукција
По наредба на јавен обвинител, телото на Е.Л. било предадено на обдукција.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.


![Алармантна низа случаи на насилство врз жени: Повеќе пријави за физички напади, закани и вознемирување во еден ден semejno-nasilstvo[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/semejno-nasilstvo1.jpg)

