Кривична пријава за три лица од Скопје за напад врз дете
03/07/2026 17:10
Кривична пријава против тројца скопјани за насилство врз 14-годишник во Ченто
СВР Скопје поднесе пријава за бруталниот напад од 22 јуни – пронајден е ножот со кој му биле нанесени убодни рани на малолетникот
Пријавени за насилство врз дете
СВР Скопје, Единицата за насилен криминал до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против тројца млади скопјани за сторено кривично дело „насилство врз дете“ , член 201-а од Кривичниот законик.
Пријавени се:
-
Ј. Ј. (19)
-
В. С. (23)
-
В. А. (19)
Сите тројца се од Скопје. Според пријавата, на 22.06.2026 околу 23:50 часот на улицата „Финска“ , во парк на подрачјето на Ченто , тие физички нападнале 14-годишен малолетник . При нападот употребиле тврд предмет, а со остар предмет му нанеле повреди.
Полицијата пронашла докази
Од страна на полициски службеници извршен е увид на самото место на настанот. Притоа бил пронајден ножот со кој било извршено кривичното дело и истиот бил предаден на вештачење .
По преземените оперативни мерки, пријавените биле лишени од слобода и со нив бил извршен службен разговор во полициска станица. Против нив ќе биде поведена соодветна постапка пред надлежниот суд.



![ПУКАЛЕ ВО ВОЗДУХ, ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ СО НОЖ: Си седеле во кафич во Ченто, ги нападнале без никаква причина, родителите преплашени за своите деца policija-mvr[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mvr1.png)


