На Евзони споени колоните возила меѓу македонската и грчката граница
05/07/2026 22:41
Гужвите на граничните премини кон Грција го достигнуваат својот врв овој викенд.
Најкритична е состојбата на главниот премин Евзони, каде колоната возила се спојува со македонската страна од границата.
Чекање и до еден час и 40 минути
Според последните информации што ги споделуваат туристите на социјалните мрежи, чекањето за влез во Грција преку Евзони е околу еден час и 40 минути.
Метеж има и на алтернативниот премин Дојран.
Таму, според истите информации, за излез од Македонија се чека околу час и половина.
Полесно поминување во текот на ноќта
Добра вест за оние што патуваат ноќе е тоа што протокот на сообраќај се одвива побрзо.
Причината е што на грчката страна во текот на ноќта не се применуваат ригорозни проверки на EES системот, односно системот за влез и излез.
Тоа значително го забрзува поминувањето на границата.
Обиколницата кај Солун без поголеми застои
Возачите кои рано утрово ја поминале границата јавуваат дека состојбата на обиколницата кај Солун е добра.
Спротивно на очекувањата, и покрај работите што се одвиваат со месеци, сообраќајот таму се одвивал нормално.
Засега нема информации за поголеми застои на оваа делница.



