Делови од Сарај, Лисиче и повеќе скопски улици денеска без струја
09/07/2026 7:23
Делови од Сарај, Лисиче и повеќе скопски улици денеска ќе останат без електрична енергија.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради зафати на електродистрибутивната мрежа.
Без струја во Сарај
Од 08:00 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците во селата Рашче, Копаница и Бојане во општина Сарај.
Прекин во Лисиче
Од 08:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „Богомилски поход“ во населбата Лисиче, општина Аеродром.
Дополнителни прекини на повеќе улици
Во периодот од 08:00 до 16:00 часот, без струја ќе бидат дел од потрошувачите на улица 3 и на улицата „Индира Ганди“.
Од 09:30 до 14:30 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и за дел од корисниците на улиците „Пробиштипска“, „Стоби“, „Мице Козар“ и на улицата „Виа Игнација“ кај зграда број 8.
Од РЦУК посочуваат дека станува збор за најавени прекини.



