MKinformer

your daily dose of news

Заложничка драма во супермаркет во Берлин

11/07/2026 12:37

Заложничка драма во супермаркет во Берлин, во тек полициска акција

Жена е држена како заложник повеќе од 10 часа

Во Берлин е во тек голема полициска операција за ослободување на жена која синоќа била земена како заложник во супермаркет во јужниот дел на германската престолнина.

Според првичните информации, инцидентот започнал околу 22 часот по локално време во квартот Мариенфелде, а мотивот на осомничениот засега не е познат.

Полицијата не открива детали

Германската полиција потврди дека жената и осомничениот сè уште се наоѓаат во објектот, додека специјалните полициски единици ја продолжуваат операцијата.

„Во моментот двајцата се во супермаркетот. Операцијата е во тек и во оваа фаза не можам да кажам ништо повеќе“, изјави портпаролот на полицијата Штефан Петерсен-Шуман за Германската новинска агенција (ДПА).

Истрагата продолжува

Надлежните засега не соопштуваат повеќе информации за идентитетот на осомничениот, неговите барања или околностите под кои жената била земена како заложник.

Полицијата го обезбедува поширокото подрачје околу супермаркетот, а јавноста се очекува да биде дополнително информирана по завршувањето на акцијата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!